ДПА на Мендух Тачи ја напушти лидерската средба која се одржува кај претседателот Стево Пендаровски.
На неа не присуствуваше лидерот Тачи, туку претставници на партијата беа Орхан Ибраими и Фримзим Даути.
Ибраими, кој е поранешен пратеник, рече дека ја напуштаат средбата бидејќи одлуките се донесени, а тие како албански политички партии, според него, се само декор на средбата.
– Ние денеска сме присутни на состанок поради сериозната состојба во државата. Предложивме што побрзо да се воведе вонредна состојба во земјава. Состанокот го напуштивме бидејќи мислиме дека како албански политички партии сме само декор во овие институции и оваа земја. Одлуките се донесени однапред од двете македонски политички партии – вели Ибраими.
Лидерската средба на која се одлучува за одложување на предвремените парламентарни избори е во тек со останатите партии и претседателот на Собранието, Талат Џафери.