Американскиот претседател Доналд Трамп е тестиран за коронавирусот, а резултатите ќе бидат познати за еден до два дена.
Трамп се ракуваше со голем број на луѓе во неделата на прес-конференција, спротивно на препораките.
Белата куќа соопшти дека ќе ја мери температурата на сите кои оствариле близок контакт со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, а температура им била мерена и на новинарите во Белата куќа.
Вчера Трамп прогласи вонредна состојба за да и даде на федералната влада поголеми овластувања за борба против коронавирусот.