Во Кремљ заврши самитот на Русија и Турција, кој беше сосредочен на ситуацијата во сириската провинција Идлиб.

Како што наведе руската агенција „ТАСС“, средбата на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, траела речиси шест часа.

На почетокот на состанокот, Путин изрази сочувство до Еродган за недамнешната смрт на турските војници во Идлиб, оценувајќи дека ситуацијата во сириската провинција е толку напната што бара нивни директни разговори.

Ердоган изрази надеж дека одлуките донесени на денешната средба ќе ја олеснат ситуацијата во северозападна Сирија, каде конфликтите ескалираа во последните неколку недели.

Говорејќи пред почетокот на средбата, Ердоган истакна дека односите меѓу Турција и Русија се во пораст и оти негова цел е да ги зајакне тие врски.

Конфликтот во Идлиб, кој остави раселени речиси милион луѓе, деновиве се интензивираше меѓу сојузничките бунтовници од една страна и сириските владини сили поддржани од Москва и Техеран од друга страна.

Минатата недела 33 турски војници беа убиени во воздушни напади од страна на сириската влада, поддржана од Русија, по што Ердоган ја започна офанзивата „Пролетниот штит“.

Борбата за Идлиб, коe е последнoто големо подрачје контролирано од бунтовниците на северозапад, може да предизвика, според Обединетите нации, најголемата хуманитарна криза од почетокот на деветгодишната граѓанска војна во Сирија