Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција најави нови реформи во судството по формрирање на новата влада, а како една од мерките што ја претстави е дека судиите кои намерно ќе застарат предмети, по автоматизам ќе бидат разрешени.
Заев објасни дека предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во судството не постапувал, со цел да застари предметот, ќе се вклучи аларм и тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам.
– Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе имаат задача тоа само да го констатираат – посочи партискиот лидер.
Тој најави и детална проверка на имотнатата состојба на судиите и јавните обвинители.
– Следува проверка на пет отсто од сите судските пресуди во последните пет години, по случаен избор – рече Заев и додаде дека како политичка партија и како политички концепт не отстапуваат милиметар од целта – правна држава.