Африканскиот народот Занде потекнува од Етиопија и денес најчесто живее во Судан и во Конго. Зборот азанде во буквален превод значи луѓе што поседуваат многу земја, што укажува на нивната историја како големи освојувачи и воини. Занде биле познати со својот борбен дух, смртоносните оружја и психолошкото војување. Воините од овој народ ги остреле своите заби за да остават впечаток дека се канибали со намера да ги исплашат своите непријатели. Народот Занде сѐ уште ги користи античките оружја на своите предци, а нивни најпознати оружја се макрака, макрига и кпинга.

Зулу-секирата има сечило во форма на полумесечина изработена од железо и се користела за блиска борба.

Иклвата
е кратко копје, кое се користело за блиска борба и според традицијата е измислено
од самиот Шака Зулу. Иклвата се користела за прободување на непријателот и е кратка варијанта на традиционалното копје познато како асегаи.

Пред Шака Зулу, војувањето во Јужна Африка се состоело од непријатели, кои фрлале копја едни кон други и ритуално предизвикување, со што во голема мера воините останувале неповредени. Меѓутоа со воените реформи на Шака Зулу и новиот вид копје познато како иклва, војувањето се трансформирало во крвава и сурова борба. Иклвата станало основно оружје на народот Зулу, дури и кога се судриле со британските сили во Африка. Зулу-воините, исто така, користеле и секири, кои требало да го блокираат штитот на непријателот, а потоа и да ги исечат неговите екстремитети.

Нгулу-мечот е создаден од африканското племе Нгоме од Конго кон крајот на 19 век. Нгоме биле познати како незаситни канибали и жестоки ловци на луѓе, кои предизвикувале масакри во текот на своите канибални оргии. Во 20 век, мечот стана составен дел од церемонијалниот танц познат како Ликбети во текот на кој се жртвува коза, бидејќи белгиските колонијални власти ги забранија егзекуциите на луѓето и канибализмот.

 

Нгулу-мечот бил користен во церемонијални егзекуции на робови при склучување мир
помеѓу две завојувани племиња.

Макрига е копје со железен врв и тесно сечило, честопати ги раскинувало цревата на жртвите.

Кпинга е нож со повеќе сечила, кој можел да се фрла кон главата или нозете на непријателот.

Макрака е сечило во форма на срп и најчесто се користело за егзекуции, меѓутоа и како второстепено оружје во борба.