Австрискиот канцелар Себастијан Курц денес остро го осуди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, обвинувајќи го за злоупотреба на бегалците за да врши притисок врз Европската Унија.
Курц на прес-конференција по состанокот со министрите за внатрешни работи, надворешни работи и за одбрана рече дека пред еден месец немало никаква хуманитарна криза во Турција или на грчката граница, а денес се соочуваме со бран бегалци, но не на обете копнени граници.
– Се случува да имаме бран бегалци само на грчката граница, но не и на границата со Бугарија. Тоа значи дека ова не е случајност, туку нешто организирано. Ова не се луѓе што бегаат од Сирија кон Грција, туку луѓе кои живеат со години наназад во Турција. Претседателот Ердоган свесно ја организираше оваа акција. Автобусите се ставаат на располагање, им се даваат лажни информации на мигрантите и намерно се обидуваат да организираат притисок на границата со Грција – објасни тој.
Курт посочи дека луѓето се користат како играчки и инструмент за притисок врз ЕУ, што, додаде тој, мора да биде остро осудено.
Тој исто така рече дека Турција е одговорна за драматичната состојба во Идлиб, Сирија.
– Турците и Ердоган с цел ги злоупотребуваат луѓето, мотивирајќи десетици илјади луѓе да одат подалеку од границата. Јасно е дека тие ги користат овие луѓе за да ја санкционираат Грција. Треба да биде јасно кој е виновен и ние мора да застанеме против Ердоган – рече канцеларот.
Тој истакна дека сега е потребна поддршка за Грција и единството на ЕУ.