Долниот дом на шпанскиот парламент вчера го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.
– Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификува пристапниот НАТО-протокол со 279 гласа „за“ и еден глас „против“. Многу ви благодарам. Следната и последна станица – Сенатот… – напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Фејсбук.
Шпанија е последната земја од членките на НАТО што сè уште не го ратификувала протоколот, бидејќи целиот процес беше одложен поради политичката криза во земјата и неможноста да се формира влада.
Македонското собрание го ратификува протоколот со одложено дејство поради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.