Кривичниот суд денеска потврди дека Александар Василевски – Нинџа, еден од осомничените за насилствата во Собраниетона 27 април 2017 година, сам се пријавил во судот и оти откако го примил решението за притвор е упатен во истражниот затвор.
– Тој сам се јавил во судот, кај судија на претходна постапка. Го примил решението за притвор одреден во негово отсуство и согласно тоа решение е уптен во истражниот затвор „Скопје“, информираат од Кривичниот суд.
Александар Василевски – Нинџа повеќе од пет месеци беше во бегство, а по него трагаше полицијата.