Утринава пратениците во Собранието го изгласаа предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со што Дебар и Маврово-Ростуше од шестата се селат во петтата изборна единица.
Претходно, пратениците по повеќечасовна расправа ја разрешија техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
Денеска во Собранието, во 13 часот, на дневен ред се предлог-законот за јавното обвинителство и предлог-законот за изменување и дополнување за Советот на јавни обвинители.
Расправата за законот за ЈО заврши доцна синоќа, а претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека гласањето ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство.