Собранието попладнево ги изгласа измените на Законот за управување со отпад, со кој се забранува увоз на отпад кој би се користел како гориво. Измените беа предложени од ДОМ.
– Забраната за увоз на отпад како гориво се изгласа попладнево во Собрание. Ова беше едно од барањата на Зелен фронт за кое континуирано вршевме притисок и лобиравме за да вроди со плод попладнево. Седницата не беше закажана за денеска, но очигледно претседателот Талат Џафери ја стави на дневен ред попладнево и конечно Собранието ја изгласа законската измена. Од 102 присутни, 62 гласаа за. Продолжуваме понатаму – објави 02 Иницијативата на „Фејсбук“.