Струшката полиција поднесе кривични пријави против три лица, двајца стружани и еден охриѓанец, кои на тоа подрачје граделе без соодветни одобренија.
Во првиот случај поднесена е пријава против 54-годишен охриѓанец, кој во текот на 2018/2019 година во селото Горна Белица, во својство на инвеститор, изградил објект без одобрение за градење.
Во вториот случај пријава добил 62-годишник од Струга, под сомнение дека текот на минатата година во селото Мислешево бесправно изградил објект.
Третиот случај се однесува на 43-годишен стружанец кој се товари за сторени кривични дела бесправно градење и узурпација на недвижност.
Како што информираат од МВР, во текот на 2019, на струшката улица Маршал Тито, на катастарска парцела во Градски Безистен, пријавениот без одобрение изградил деловен објект и узурпирал земјиште во државна сопственост.