Делегација на Секретаријатот за европски прашања предводена од заменик – претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе се сретне со делегација од Државната изборна комисија, предводена од нејзиниот претседател Оливер Деркоски.
Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека средбата ќе се одржи во просториите на Државната изборна комисија. Оваа средба е прва од серијата посети на вицепремиерот Османи на институциите задолжени за спроведување на изборите, со цел остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори, како дел од европската агенда на државата.