Израелската безбедносна служба Шин Бет денеска соопшти дека спречила напад врз премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и врз градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат.
Според Шин Бет, нападот чија директна цел биле премиерот и ерусалимскиот градоначалник, бил подготвен и организиран од Сирија.
Во врска со нападот се уапсени неколку лица, кои преку Јордан тајно пристигнале во Израел и требало да ја изведат акцијата.
Според Шин Бет, покрај атентатот врз Нетанјаху и Баркат, терористите имале план и за напади врз американската Амбасада во Ерусалим и врз членови на официјалната канадска делегација што се наоѓа на посета во Израел.