Голот на капитенот Кирил Лазаров за победа на Македонија над Украина (26-25) во вечерашниот меч од Европското првенство одигран во Виена, импресионираше бројни љубители на ракометот кои изразија пофалби за искусниот бек на социјалната мрежа Твитер. Лазаров беше најефикасен македонски ракометар со вкупно осум погодоци.
– Едноставно морате да го сакате кралот Кирил! Тој никогаш не е готов. Ладен како мраз. Колку мечеви реши Лазаров за Македонија – пишува данскиот ракометар Расмус Бојсен.
„Лазаров херој за Македонија. Ова важи кога и да го прочитате“, „Украина се бореше добро и можеше да извлече нешто да не беше стариот добар Лазаров. Прекрасен меч“, „Гол со звукот на сирената за Македонија и секако Лазаров“, гласат дел од коментарите на Твитер.
– Нивниот голман имаше среќа, бидејќи имав неколку промашени шутeви. На крајот отидов на сѐ или ништо и испадна како што треба. Зошто би се плашеле, ова е спорт, треба младите да одат напред. Најважно е што победивме и што ја израдувавме нацијата. Сега треба да се одмориме и да не ги повториме овие работи со Чесите – изјави Лазаров по мечот.
You just got to love King Kiril! He is never done. Cold as ice. How many games has Lazarov decided for ???#handball #ehfeuro2020 pic.twitter.com/Ismr4MKsUE
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 10, 2020