Знамињата пред седиштето на Европската комисија денеска и утре ќе бидат спуштени на половина копје, во знак на сочувство со жртвите на нападот во Лиеж на 29 мај.
Претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер минатата недела испрати писмо со сочуство до белгискиот државен врв, потврди портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас.