Оружје и муниција биле пронајдени вчера за време на претрес во домот и помошните простории на штипјанец.
Станува збор за 44-годишно лице, со иницијали М.Б. кое се сомничи за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Од МВР јавуваат дека претресот бил извршен по претходна судска наредба.
– Од страна полициски службеници биле пронајдени автоматска пушка „хеклер“ калибар 9×19мм, малокалибарска пушка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ калибар 9 мм, револвер „гранд“ калибар 22 мм, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми различен калибар, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго) – информираат полициските власти.
Тој бил приведен во полициска станица, а пронајдените предмети се одземени. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.