Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе оценува дека е време да се прекинат санкциите кон Русија.
– Би било добро Европската унија да го промени ставот кон Русија бидејќи санкциите пред се нанесоа штета на австриската економија – изјави тој за виенски Естерајх.
Штрахе потсети дека секогаш предупредува оти со санкции Русија оди кон Кина.
– Крајно време е санкциите да се прекинат и да се нормализираат политичките и економски односи со Москва – нагласи тој.