Компанијата „Сплаш дата“ (SplashData) секоја година објавува листа на најлоши лозинки, по преглед и анализа на повеќе од пет милиони лозинки што неовластено беа објавено онлајн.
Според листата подготвен е и извештај во кој се наведени позициите на лозинките во споредба со лани.
На прво место е лозинката 123456, а веднаш по неа е 123456789.
Скок од шест места имаше лозинката qwerty, која беше многу популарна во изминатата година, додека на листата топ десет се проби и 123123.
„Сплаш дата“ истакнува дека и покрај големиот број упади и пробивање на безбедносните системи, а потоа објавување и злоупотребување на личните податоци, луѓето уште генерално користат лоши и слаби лозинки.
Компанијата повторно советува да се користат сложени лозинки што не се поврзани со вашите лични податоци (име, презиме, датум на раѓање, телефонски број, адреса, матичен број и слично) и да користите специјални симболи што ќе ѝ дадат дополнителна тежина на лозинката.
Исто така, се препорачува да не ја користите истата лозинка за сите ваши онлајн профили, сметки и слично.
Вака изгледа топ десет листата на најлоши лозинки за 2019 година: 123456, 123456789, qwerty, password, 1234567, 12345678, 12345, iloveyou, 111111, 123123.