Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо вели дека не му треба голема интервенција во тимот пред јануарскиот преоден рок.

Под водство на Мурињо, Тотенхем има пет победи во седум меча и четири победи во пет дуели во Премиер-лигата, во пресрет на денешната пресметка со Челси. Затоа, Португалецот очекува тивок јануари и сосема е задоволен.

– Опуштен сум бидејќи го добив овој клуб како што го очекував. Очекував да бидам прашан за Даниел Леви и неговата практика да не троши многу и дали сум вознемирен поради тоа. Зошто би било така? Сè е кристално јасно, нема тајна во плановите на тимот и јас сум задоволен. Дали би сакал повеќе да имам 300 милиони фунти во јануари? Не, навистина не би сакал. Не ми се потребни фудбалери во јануари – објаснува Мурињо.