Шпанскиот Парламент му изгласа недоверба на премиерот Маријано Рахој и тој е заменет со лидерот на социјалистите Педро Санчез.
За негова смена гласаа 180 пратеници, додека 169 беа против.
Санчез ќе ја презеде функцијата в понеделник и ќе именува свој кабинет следната недела.
Рахој изјави во Парламентот дека е горд на тоа што направил како премиер.