Стручниот штаб на македонската репрезентација го објави поширокиот список со 24 ракометари за подготовките (од понеделник) за настап на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.
Со цел креирање на сениорската селекција за во иднина, стручниот штаб одлучи Македонија во Тарагона да настапи во комбиниран состав од сениорската и од младинската репрезентација. Селекцијата од клупата ќе биде предводена од Роберто Парондо, помошникот на селекторот Раул Гонзалес. Македонија е во група со Турција, Египет и со Србија.
Список: голмани: Мартин Томовски, Никола Даниловски, Никола Митревски и Даниел Ѓоргевски. Крила: Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Мартин Поповски и Никола Костески. Бекови: Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Дарко Георгиевски, Ласко Андоновски, Филип Чурлевски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Дарко Димитриевски, Милорад Куковски. Пикери: Костадин Петров, Милан Лазаревски, Филип Арсеновски, Жарко Пешевски.