Промоција на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска ќе се одржи утре, во 12 часот, во Спомен-собата на Миладиновци во градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Промотор е Владимир Мартиновски, а стихови ќе интерпретира актерката Софија Настевска. Наташа Сарџоска, поетеса, есеистка, писателка, литературна преведувачка, ги објавила книгите поезија: „Сина соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“ во Македонија и „Пеле“ во Италија.
Нејзините песни се преведени и објавени на неколку јазици, како и објавени во поетски антологии во Словачка и во Германија. Ја има добиено наградата од Министерството за надворешни работи на Италија за најдобар есеј во 2002 година.