Жолтицата е регистрирана во речиси сите општини во Скопје, каде што за неполни три месеци заболеле 60 лица, јавуваат повеќе македонски медиуми.
На Инфективна клиника има 17 пациенти со заразна жолтица, од кои 10 се деца, според последните податоци објавени вчера.
Од Центарот за јавно здравје – Скопје велат дека изворот на зараза не се училиштата, но имаат засилен надзор со вонредни препораки до образовните установи за дезинфекција на просториите.
Хепатит А е болест на нечисти раце и според инфектолозите, личната и колективна хигиена е основна превенција од жолтица.