Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели, е поинаква земја која ги почитува своите граѓани.
-Ние сме многу поинакви, слободни, демократски. Сфаќаме дека таму живеат Украинци. И ние ги почитуваме граѓаните на Украина. Нема да има никаков масакр. Ние сме поинаква влада. За нас најважен е човечкиот живот – истакна Зеленски во интервју за телевизијата „1+1“.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во Донбас би можела да се случи втора Сребреница ако Киев воспостави контрола над границата со Русија, а пред тоа не осигура заштита на граѓаните на Донбас.