Деновиве почна снимањето на биографскиот филм за Џуди Гарланд, каде што главната улога ја толкува глумицата Рене Зелвегер. Филмот ќе ги прикажува животот и кариерата на Гарланд, која почина од предозирање на само 47 години.
Покрај Зeлвегер, во филмот имаат улоги и Џеси Бакли, Фин Витрок и Мајкл Гамбон, додека ова филмско остварување ќе биде заслуга на продуцентот Руперт Гулд.
Филмот ќе го опфати периодот од 1968 година, кога Џуди доаѓа во Лондон, каде што има серија распродадени концерти.
На социјалните мрежи веќе се појавија и фотографии од снимањето на кои може да се забележи како Рене успешно се трансформирала во Џуди Гарланд. Интересен е фактот што Рене сите песни во филмот ќе ги отпее сама, со оглед на тоа дека во 2002 година го направи истото тоа во мјузиклот „Чикаго“ како Рокси Харт, улога што ѝ донесе „златен глобус“ за најдобра глумица во комедија или мјузикл, како и номинација за „оскар“ за најдобра женска улога.