На денешната трибина во Битола, „На прав пат“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев зборуваќи за претстојните предвремени парламентарни избори изјави дека за време на одржувањето на Самитот на НАТО во Лондон сите се радувале, само не и Христијан Мицкоски.
– Го слушам Мицоски вели дека сите што биле амнестирани не треба да се занимаваат со политика. А одговорноста кај е, ќе заборавиме, нема да одговраат. Не, ќе одговараат сите до еден. Најважно е да одговараат. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара за да не му падне на некој или на нему во иднина да прави вакви криминали, кои ни се случуваа 11 години. Каде се сега Талески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Груевски. Тие не се бават веќе со политика. Додека дишеме тука мора да има одговорност во оваа држава. А после ќе се договарме кој треба да учествува во политка, или не. За тоа ќе ни каже народот, а не Мицкоски. Тој што се огрешил пред законот не ќе може и да сака да се занимава со политика. Нека продолжи Мицкоски со ваквите политики, па ќе видиме колку гласови на претстојните избори ќе има. Компир. Нула гласови. Тој не понуди ништо за државата, продолжува со криминалите. Затоа ќе седат во опозиција. Единствено ги интересира само борбата за гола власт. Е токму
поради тоа на изборите на 12 април ќе се слика кај Манаки – изјави Зоран Заев.
Надлежните да ја испитаат кампањата за претседателските избори на ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев на трибината во Битола „На прав пат“ повика на расчистување на сите случаи, поврзани со криминали, но и на скандалот со незаконското финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.
– Скандалот со тоа како 400.000 илјади евра незаконски се финансирала кампањата на ВМРО-ДПМНЕ мора да се расчисти, ги охрабрувам институциите да постапуваат, согласно законите. И тоа истите газди кои давале пари во „Рекет“. Тоа е спротивно на изборниот законик и за ова кривично дело мора да има одговорност за кој и да се однесува, мора да има одговорност – рече Заев на граѓанската трибина „На прав пат”
во Битола.
Тикварник за отворањето на Офицерскиот дом во Битола
Зборувајќи на трибината на „Прав пат“ во Битола, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска изјави дека се гради Офицерскиопт дом, кој ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го продаде.
– Офицерскиот дом го градиме и ќе го отвориме, а на денот на отворањето специјалитетот што ќе го послужиме ќе биде тикварник, порача градоначалничката Наташа Петровска на трибината „На прав пат” во Битола.
Со таквата изјава таа им се обрати на критичарите на нејзините политики од опозицијата, кои неодамна ја исмејуваа Петровска по еден нејзин статус на нејзиниот фејсбук-профил.
– И покрај тоа што повеќето се свесни за нашата работа, дека тоа се факти од кои нема бегање, се обидуваат со говор на омраза секако да не оспоруваат на социјалните мрежи. Сите оние кои 12 години ни ја осакатија Битола, сега замеруваат за тоа што сме го направиле, и што не сме успеале да го доправиме во овие две години. Едно од озборувањата е поврзано со Офицескиот дом. И од овде ќе им порачам дека Офицерскиот дом кој тие ќе го продаваа, ние го градиме и ќе го отвориме, ама ви ветувам дека на денот на отворањето, специјалитетот што ќе го послужиме ќе биде тикварник – рече Петровска.
РЕК „Битола“ ќе набави шест еколошки автобуси
АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“ во настојувањето за почист воздух во Битола наскоро ќе набави 6 еколошки автобуси, во кои ќе се возат битолчани.
Ова го најави лидерот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев на трибината „На прав пат“ во Битола.
Покрај набавката на шест еколошки автобиси, АД ЕСМ, кој според Заев моментно на сметката има 87 милиони евра ќе издвои за почист воздух ке издвои 10 милони евра за набавка на инвертори, а 30 милиони евра ќе бидат издвоени за набавка на електростатските филтри, истакна Заев на трибината во Битола