Актерот Даниел Крег потврди дека улогата во „Нема време за умирање“ е последната што ќе ја одглуми во филмовите за Џејмс Бонд. Тој раскажа колку е среќен што го потпиша последниот договор за оваа франшиза.
– Некој друг треба да го продолжи овој проект. Тоа беше напорна работа и имавме неверојатна соработка. Она што ме мотивираше најмногу е што со некои луѓе работев 30 години на филмовите – изјави Крег.
Според него, овој договор е последен поздрав до колегите со кои поминал толку многу години заедно. Наводно за оваа улога тој ќе добие 25 милиони американски долари. Досега Крег глумеше во „Казино Ројал“, „Спектра“, „Скајфол“ и „Зрно утеха“.
Претходно Крег велеше дека попрво би си го пресекол вратот отколку да глуми во уште еден филм за Џејмс Бонд, но сепак се одлучил за уште една улога. Откако се појави во филмовите за Џејмс Бонд стана исклучително популарен. Тој во едно интервју изјави дека му биле потребни 20 години да се навикне на славниот живот.