Возачот на ладилникот, во кој се пронајдени телата на 39 мигранти, ја призна вината за вмешаност во шверцување илегални мигранти.
Морис Робинсон (25), кој беше член на меѓународна група шверцери на мигранти, е обвинет за убиство на група мажи, жени и деца, пронајдени мртви во ладилникот.
Телата на осум жени и 31 маж беа пронајдени на 23 октомври во Есекс, Англија.
Жртвите беа идентификувани како виетнамски државјани, а двете најмлади момчиња имале по 15 години.
Во изјавата преку видеоврска од затворот „Белмарш“ во источен Лондон, Робинсон (25) не се изјасни виновен за 41 обвинение, вклучувајќи 39 обвиненија за убиство, пренесе „Ројтерс“.