Боливискиот Сенат усвои предлог закон за оддржување на нови претседателски избори во земјата на кои поранешниот претседател, Ево Моралес, нема да може да учествува.
Во предлогот не се наведува точниот датум на оддржување на изборите, јави „АП“.
Предлог законот го забранува реизборот на секој кој извршувал два последователни претседателски мандати, што Моралес претходно постојано го одбиваше.
Предлог законот треба да биде потврден и од Долниот дом на парламентот.
Боливија влезе во политичка и безбедносна криза по оспорените претседателски избори од 20 октомври, на кои за победник се прогласи дотогаш актуелниот претседател Ево Моралес. По протестите низ цела земја и укажувањата на меѓународната заедница дека имало неправилности на изборите, Моралес си поднесе оставка и побара азил во Мексико.