Францускиот обвинител за борба против тероризмот Франсоа Моленес изјави дека околу 40 лица осудени за тероризам ќе бидат ослободени од француските затвори оваа година и на почетокот на следната. Медиумите оцениваат дека многу тешко ќе се одвива реинтеграцијата во општеството на оние лица кои не се покајале за своите дела.
Во изјавата за телевизијата Бе-Еф-Ем, Моленс оцени дека Франција се уште се соочува со значителна закана од поддржувачите на терористичката „Исламска држава“, а кои се француски државјани.
Според обвинителството за борба против тероризмот, меѓу 600 и 700 француски екстремисти остануваат во областите во Ирак и Сирија под контрола на „Исламска држава“, иако многумина можеби веќе се убиени.
Според француските власти, некои од организаторите на терористичките напади во Париз во ноември 2017 година се веројатно меѓу убиените на Блискиот Исток.
Моленс изјави дека истрагата за нападите во концертната сала во Батаклан, во кафулињата во Париз и на националниот стадион, каде загинаа 130 лица, ќе заврши следната година.