„Амбасада на мајсторство“ е камерниот концерт што ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во изложбениот салон во ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп, а на кој ќе настапат тројца руски врвни млади музичари од Санкпетербуршкиот Дом на музиката. Концертот го реализира Агенцијата Россотрудничество и Амбасадата на Руската федерација во Македонија.
Ќе настапат Алексеј Иванов на труба, Дмитриј Крилов на тромбон и Владислав Фјодоров на пијано. Музичарите се дел од програмите на Санпетербуршкиот Дом на музиката, чиј уметнички раководител е Сергеј Ролдугин. На програмата се дела од Кетинг, Нестеров, Бетовен, Енеску, Скрјабин, Жоливе, Римски – Корсаков и други композитори.
Пијанистот Владислав Фјодоров, трубачот Алексај Иванов и тромбонистот Дмитриј Крилов учествувале на бројни музички натпревари и се добитници на бројни награди.
Концертот е дел од активностите на Центарот за одбележувањето на 40 години од формирањето на Домот на културата и се реализира неколку години.
Ка.М.