Времето во текот на ноќта и изутринава беше претежно облачно, со врнежи кои се преместуваа од централните кон источните делови од земјата. Утринава поинтензивен дожд има на југоисток, а во Струмичко и Беровско имаше и засилен југоисточен ветер.
Во текот на денот ќе биде претежно облачно, претпладне и повеќе на истокот од земјата со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Температурата ќе достигне до 17 степени.