Симфонискиот концерт „Ну погоди“ кој премиерно се изведе во Градскиот парк во јуни, повторно ќе прозвучи во Филхармонија оваа сабота (9 ноември) во 12 часот.
Најмладите ќе имаат можност да ја слушнат музиката од популарните култни цртани филмови – „Ну Погоди“, „Балтазар“, „Козле Бозле“, „Мечето Ушко“, „Пинк Пантер“. Музичката изведба ќе биде збогатена со видео проекција на цртаните, а аниматор е
Мартин Јордановски.
Филмовите кои ќе имаат можност да ги видат и чујат најмладите, всушност се цртани со кои израснаа нивните родители. Нарацијата ќе ја следи оваа нишка од музичката приказна на цртаните филмови, ќе им укаже на децата дека и нивните родители кога биле деца гледали цртани филмови. Концертот е убава можност да заедничка дружба на родителите со децата преку фантастичните цртани филмови кои имаат одлична приказна и музичка илустрација.
Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин, а аранжманите се на Владимир Николов.