Најмалку 140.000 домаќинства останаа денеска без електрична енергија, кога силно невреме погоди делови од Франција, а голем број патишта беа блокирани поради паднати стебла.
Бурата донесе и поплави во југоисточниот дел од земјата, јавува агенцијата „Анса“.
Од еден камп, евакуирани се 47 лица, а желзничкиот сообраќај на повеќе патни правци е во прекин.
Ударите на ветрот достигнаа брзина од 160 километри на час. Бурата се движи кон внатрешноста во земјата и нејзиниот интензитет е послаб, соопшти националната метеоролошка служба.