Најголемиот политички субјект на Србите во Косово, Српска листа, се залага за промена на Уставот и на другите законски акти на Косово, со цел да се формира Заедницата на општините со мнозинско српско население, пишува порталот „Коха.нет“.
Со тоа, според порталот, политичките претставници на косовските Срби почнаа да го признаваат Уставот на Република Косово, како и нејзините закони.
– Во најмала рака, кога преку нив и нивните измени, тие настојуваат да ги остварат своите политички цели, како што е случајот со формирањето на Заедницата, која ја замислуваат само како противтежа со централната власт во нашата држава – пишува порталот.