Двајца македонски државјани биле уапсени на влезот на грчкото пристаниште Игуменица со шест килограми и 560 грама хероин, спакувани во 13 пакети, во обид со своето возило да прошверцуваат хероин.
Станува збор за македонски државјани на возраст од 41 и 48 години.
Дрогата била скриена во внатрешноста на шасијата на автомобилот, а ја открило полициското куче.
Локалните медиуми пишуваат дека уапсените, со автомобилот, веројатно сакале да се качат на траект за Италија.
Грчката крајбрежна служба соопшти дека дрогата е запленета, како и патничкиот автомобил на уапсените.