Возач со автомобил „голф“ удрил во татко и син на мотоцикл во Тетово и избегал од местото на несреќата. Таткото се здобил со тешки повреди.
Според информациите на МВР, вчера во 12.15 часот на ул. 146 во Тетово се случила сообраќајна незгода во која автомобил „голф 4“, управувано од непознато лице, кое по несреќата избегало, удрило во мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.И.(53) од Тетово, на кој се превезувал и неговиот малолетен син.
Двете лица биле пренесени во Клиничката болница Тетово каде на Х.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетникот лесни повреди.
Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.