Велс се соочува со криза со загаден воздух за чие надминување се потребни милијарда фунти, тврди Единствената британската добротворна фондација која се грижи за здравјето на белите дробови на нацијата, а пренесува порталот „Велс онлајн“.
Во март годинава владата на Велс прогласи вонредна состојба, но дури и тогаш, недоволно внимание беше посветено на штетниот ефект од загадувањето врз здравјето на луѓето и не беа преземени позначителни мерки за подобрување на состојбата.
Најновите истражувања во Велика Британија укажуваат на бројни последици врз здравјето на нацијата поради недостатокот на чист воздух, од појавување на сѐ повеќе случаи на астма до деменција и нарушено ментално здравје.
И Македонија се соочува со проблемот на енормна загаденост. Скопје денеска е трет најзагаден град на планетата, со што продолжи да се искачува на листата на градови со најзагаден воздух во светот. Просечна концентрација на ПМ10 честички на кубен метар во Скопје денеска изнесува 166.