Подмладената ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Турција со 26-23 во денешниот контролен меч одигран во Ескишехир.
Жарко Пешевски беше најефикасен со осум гола, во дуелот во кој Македонија настапи без Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Кузмановски, кои ќе бидат во комбинација за претстојните средби со Грузија.
Ова беше првиот од четирите пријателски натпревари во неделата на Европската ракометна федерација, во рамки на подготовките за настап на Европското првенство во јануари в година.
Избраниците на селекторот Данило Брестовац утре (16 ч.) спроти себе ќе ја имаат Италија. В петок и в сабота, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, македонските репрезентативци ќе одиграат и два меча со Грузија.