Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и Хрватката Мариана Дражиќ се пласираа во четврт-финалето во конкуренција на двојки, на турнирот во Анталија (Турција), што се игра на тврда подлога. Тие се први носителки на турнирот и славеа во осминафиналето со 6-2, 6-2 против двојка од Русија.
Ѓорческа така освои нови бодови за ВТА-листата и според интернет-страниците за пласман во живо таа сега напредна за седум места, а ако со хрватската тенисерка ја оправдаат улогата на први фаворитки можен е уште поголем напредок на листата. Денеска е мечот во четврт-финалето, а и дуелот од првото коло во поединечна конкуренција. Во март на турнирот во Анталија, на земјена подлога, Ѓорческа стигна до финалето во двојки.