Британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон изјави дека ќе бидат засилени воените ресурси наменети за одбрана од вселената поради „зголемување на заканата“.
– Британската војска ќе ја преземе контролата врз британските воени операции во вселената во рамки на првата ’стратегија за вселенска одбрана’ – рече Вилијамсон, при тоа додавајќи дека ќе биде зголемен бројот на војници во вселенскиот сектор, кој треба да биде над 600 во следните пет години.
– Треба да бидеме подготвени за спречување и одговор на сė поголемите закани што се појавуваат во вселената, а влијаат врз нашиот секојдневен живот – додаде британскиот министер.
Вилијамсон како закани ги наведе пречките што ги создаваат радиодифузните сателитски антени на населението врз воените навигациски системи, како и пречките во мобилната телефонија и интернетот.