Еден од најпознатите холивудски актери, Кевин Спејси, престојува во Белград.
Според „Блиц жена“, Спејси денес го посетил Народниот театар, а потоа се прошетал низ улиците на главниот град.
Актерката Вања Милачиќ објави фотографија на Инстаграм на која таа и нејзината колешка Марија Вицковиќ се во друштво на оскаровецот.
-Кевин Спејси дојде на генералната проба на претставата „Сон на летната ноќ“, проект Шекспир. Спектакуларна круна на возбудливиот процес на работа на претставата. Вечерва премиера – напиша таа покрај фотографијата.
Според „Блиц жена“, актерот бил исклучително љубезен и пријатен.
Спејси дошол во Белград во строга тајност за да снима серија, но не е познато за кое остварување станува збор.
Тоа е првиот проект во кој Спејси е ангажиран по обвинувањата за сексуална злоупотреба на едно момче пред две години.