Две лица се убиени и многумина се тешко повредени откако маж отворил оган во германскиот град Сарбрукен, јавија германските медиуми повикувајќи се на локалната полиција.
Инцидентот се случил попладнево во квартот Фехинген, а извршителот бил уапсен на лице место.
Претставник на полицијата изјави дека инцидентот бил поврзан со семејно прашање.
Мажот испукал многу куршуми во и околу куќата, а мотивите за нападот се уште не се познати.