Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лaјeн, која го доби писмото од Европскиот парламент во кое се отфрлаат кандидатите за комесари од Унгарија и Романија, очекува нови имиња.
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ја информирал претседателката на Европската комисија дека Унгарецот Ласло Трочањи и Романката Рована Плумб се неприфатливи предлози за европратениците поради утврден конфликт на интереси од страна на комисијата за правни прашања на ЕП, соопштија од Парламентот.
Според непотврдени информации во Брисел, Унгарија се подготвува да го предложи сегашниот унгарски амбасадор при ЕУ, Оливер Вархелји. Според информациите на Политико Европа, Вархелји е „лојален“ на Виктор Орбан и „тврд“ поборник на политиката на унгарската влада во Брисел.