Со помош на младата пченка, најбрз улов се остварува рибарејќи со тапа, и тоа во време кога пченката уште ја има на нивите, а најмалку може да ѝ одолее кленот

Ловењето риби со помош на млада пченка, освен трпението крапот да загризе на јадицата, може да биде многу интересно и, секако, успешно и во ловењето други риби, како што се на пример кленот, мрената, девериката. Најбрз улов со зрно од млада пченка е на кленот, бидејќи оваа риба не може многу да му одолее токму на зрното на ова житно растение.

Со помош на младата пченка, најбрз улов се остварува рибарејќи со тапа, и тоа во време кога младата пченка уште ја има на нивите. Кога рибарот лови со пченка поставена на јадицата од рибарскиот стап, пожелно е тој пред ловот да го избере местото, а исечените зрна на пченката да ги фрли наоколу во водата, односно таму каде што планира неговата тапа да крстосува во водата во потрага по риба.
Рецептот за успешен лов со помош на млада пченка е следниов: прво младата пченка треба да се исече на дното, потоа да се стави во сад, во кој претходно рибарот ставил сончогледово масло, кое, пак, е загреано до точка на вриење. Штом се стави младата пченка во жешкото масло, садот се трга од печката и се остава да се олади. Откако ќе се олади, веќе е добиена готовата храна, која ќе ја привлече рибата на големи далечини. Потоа на потег е рибарот и неговото чувство за навремено извлекување на посакуваната риба од водата, откако таа ќе ја загризе поставената мамка.


Ловџиска рација на волци

Искусните ловџии на волци локацијата можат да ја одредат по нивното завивање, а при тоа често им помагаат и шумските птици, кои, пак, гласно го сигнализираат присуството на предаторите во еден или во друг дел од шумата. На овој начин се ловат волците налето. Нивното скривалиште обично се наоѓа во близина на селата, со што им создаваат многу неволји на месните жители. Волците често ја собираат стоката, ги напаѓаат домашните животни и прекуден, а по патиштата и шумските патеки можат да се најдат траги на повозрасни грабливци. Навечер, почнувајќи од јули, се слушаат и долги волчји завивања, со кои ги организираат животните во близината на нивните скривалишта.
Откако ќе се утврди местото каде престојуваат волците, треба истото тоа да се означи од сите страни на теренот, но претходно ловџиите треба да бидат сигурни дека волците се во тоа скривалиште. На ловџиите ќе им бидат потребни уште 10-15 луѓе, кои ќе треба да направат што поголема врева.
Ловџиите понекогаш ги земаат со себе малите волци за да ги згрижат. Но треба да се истакне дека и ако се хранат од рацете на ловџиите, тие нема да успеат да ги задржат долго време и да ги припитомат, па најверојатно еден ден ќе мора да ги пуштат на слобода во шумата.