Општината Кисела Вода ги започна градежните активности за асфалтирање на улицата Бранко Заревски во населбата Драчево. Градежните екипи се веќе на терен и започнаа со градежните зафати. Според предвиденото, на оваа сообраќајница ќе биде поставен нов асфалт, во должина од 600 метри и широчина од седум метри. Жителите од оваа населба, по комплетното асфалтирање на улицата Жарко Зрењанин летово, ќе добијат уште една обновена улица, на која ѝ беше потребна реконструкција на стариот коловоз. Обновената сообраќајница ќе стане побезбедна за сообраќај и граѓаните нема повеќе да возат по дупки.
– Градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со претседателот на советот на општината, Дарио Шимиќ, присуствуваше на почетокот на работните активности за асфалтирање на улицата Бранко Заревски во населбата Драчево. Апелираме до граѓаните додека траат градежните активности да не ги паркираат возилата по должината на улицата – велат од општината Кисела Вода.