Голем пожар избувна во хемиска фабрика во индустриската зона Тузла во Истанбул, а засега нема информации за повредени, пренесуваат турските медиуми.
Причината за пожарот не е позната. Објавени се снимки на кои се гледаат огромни густи облаци чад.
На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи, кои се обидуваат да го изгаснат огнот од три страни, но засега тој не може да биде ставен под контрола.