Британскиот пејач Елтон Џон (71) потврди дека ќе пее на венчавката на принцот Хари и глумицата Меган Маркл в сабота.
Пејачот последен пат беше најмен од кралското семејство за погребот на принцезата Дијана пред 21 година. Оттогаш важи за близок пријател на семејството, особено со принцовите Вилијам и Хари. Минатото лето на заедничкиот излет со Хари во Сицилија, тој сфатил колку всушност принцот е вљубен во Маркл.
– Лудо е вљубен. Не сакаше многу да говори, но тоа се гледа, изјави Џон во една прилика.