Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе им го продолжи рокот до 29 мај годинава на граѓаните што имаат заостанат долг и сакаат да склучат спогодба да го отплаќаат на повеќе месечни рати.
Претпријатието почна акција за расчистување на старите побарувања од граѓаните и правните лица, а акцијата траеше од 2 април и требаше да заврши заклучно со 15 мај. Поради големиот интерес на корисниците, велат од претпријатието, рокот е продолжен. Заостанатиот долг сега скопјани ќе можат да го плаќаат на повеќе месечни рати, во зависност од висината на долгот и без камати.
– Корисниците на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ што имаат заостанат долг за вода по основа на тужени и редовни сметки ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање. Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот – соопштуваат од „Водовод“ и додаваат дека ова го прават за да им излезат во пресрет на сите корисници.