Во Хонгконг денеска повторно избија судири меѓу демонстрантите и полицијата, кога безбедносните сили опремени со штитови и гумени палки започнаа операција за растерување на насобраниот народ во континенталниот дел на енклавата.
Секоја сабота се одржуваат редовни антивладини протести во различни делови на Хонгконг. Во некои квартови собирите не се дозволени и полицијата се обидува да ги растера демонстрантите.
Илјадници провладини активисти одржаа голем патриотски митинг во центарот на градот во поддршка на властите и полицијата. Демонстрантите носеа кинески знамиња, ја пееја химната и ги осудија радикалните активисти за нивните провокации, насилство и судири.
Пред повеќе од два месеца во Хонгконг избувнаа масовни протести против законот за екстрадиција, а потоа беа побарани и други демократски права.